Светот го доби новиот Болт: Австралиец е брз како ветерот, а има само – 16 години (ВИДЕО)
Тој на неодамнешното училишно натпреварување во Квинсленд, делницата од 100 метри ја истрча за неверојатни 10,04 секунди – време што би било достојно и за финале на Олимписките игри. Но, поради силниот ветер од 3,4 метри во секунда во негов грб, овој резултат не може да биде официјално признат. Иако времето не е регистрирано, неговата изведба го потврди потенцијалот на младиот атлетичар. Официјално, тоа би било четвртиот најдобар резултат за натпреварувачи под 18 години. Најдобриот резултат во оваа категорија го држи Ерион Најтон, кој во 2021 година постигна време од 9,99 секунди, исто така со помош на ветер.
Во финалето на трката на 100 метри, Гаут постигна време од 10,17 секунди, со што го собори својот личен рекорд. Ова е вторпат младиот атлетичар да го привлече вниманието на јавноста – пред две години, на возраст од само 14 години, ја истрча истата делница за 10,57 секунди, заработувајќи го прекарот „новиот Болт“.
Гаут, чиј имиџ полека станува препознатлив, е роден во Австралија, а потекнува од Јужен Судан. Освен на 100 метри, тој бележи резултати што ги надминуваат оние на Болт во исти години и на 200 метри.