Стефановски сруши државен рекорд во скок со стап стар - 55 години! (ВИДЕО)

Огнен Стефановски урна еден од најстарите македонски рекорди кои датираат од далечната 1969 година и стана нов рекордер во скок со стап во сала кој сега изнесува 3,65 метри.

Стефановски со неколку месеци тренинг во една од неговите дисциплини веднаш блесна и постави државен рекорд, кој сепак е речиси три метри полош од светскиот рекорд.

Рекордер во светот во скок со стап во сала е Швеѓанецот Арманд Дуплантис кој скокна 6,22 метри.

Видеото може да се погледне во коментар на објавата на Атлетската федерација на Македонија.