Познат атлетичар брутално застрелан сред улица во Еквадор!

Страшна вест доаѓа од Еквадор, каде што познатиот атлетичар Алекс Кињонес, кој имаше привилегија да трча со Јусеин Болт на Олимписките игри, бил застрелан со огнено оружје сред улица во татковината.

Атлетичарот бил во друштво на еден пријател, кој исто така е убиен, а еквадорската полиција засега не може да ги пронајде убијците.

Спортистот освои бронзен медал на 200 метри на Светското првенство во Доха, на Олимписките игри во Токио не учествуваше затоа што доби суспензија.