
Јапонец е новиот „Јусеин Болт“ - постави светски рекорд на трка на 100 метри!
Јапонецот Сорато Шимицу го урна светскиот рекорд за возраст до 16 години со време од 10 секунди и зад себе ја остави конкуренцијата на првенството на средни училишта во татковината.
„Чудото од дете“ го урна претходниот рекорд за 0,09 секунди, а му се предвидува многу добра кариера и рекорди.
Болт го има светскиот рекорд на 100 метри во светот со време од 9,58 секунди.