Дарио Ивановски на 69. место го заврши маратонот на Олимписките игри (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски имаше 21.49 минути зад Тамират Тола од Етиопија кој победи на маратонот во Париз со нов олимписки рекорд.

Од 81 натпреварувач кои го почнаа маратонот, нашиот Дарио Ивановски заврши на 69. место со време од 2:28,15.

Олимписки шампион со олимписки рекорд беше Тамират Тола од Етиопија. Тој маратонската трка ја заврши со 2:06,26. Среброто му припадна на Башир Абди од Белгија со 20 секунди послабо време, додека последното место на пиедесталот беше за Бенсон Кипруот од Кенија со време од 2:07,00.