Алкалоид ја декласира Струга и остана во трка за Европа!

Ракометарите на Алкалоид вечерва беа подобри од Струга со 35-20 во 10. коло од македонската Суперлига со што скокна до третата позиција на табелата.

Струга даваше отпор до 11. минута (4-5), по што Алкалоид влезе во одличен ритам и на паузата замина со водство од 15-10.

Алкалоид доминираше и во второто полувреме во кое постојано ја зголемуваше предноста и на крајот оствари триумф од 35-20.

Најдобар во тимот на Алкалоид беше Дамјан Митев со седум голови, додека Филип Симоновски постигна шест погодоци за Струга.

Пелистер во моментов е лидер со 26 бода, Вардар и Алкалоид имаат по 24 бода, по што следи Охрид со 23 бода меѓу екипите кои се борат за излез во Европа.