Олимпијакос ја разнесе Барселона и закажа мајсторка!

Олимпијакос со 34 поени разлика ја победи Барселона во четвртиот дуел од четвртфиналето во Лига Европа, грчкиот тим триумфираше со 92-58 и изедначи на 2-2.

Клучна за дебаклот на Барселона во Пиреја беше вториот период кој Олимпијакос го доби со 32-14, на полувремето грчкиот тим водеше со 53-37.

Во вториот дел големата предност само дополнително ја зголемија за на крајот да се радуваат на исклучително убедлива победа од 92-58.

Мекисик со 21 поен беше најефикасен, Фал постигна 12, во составот на Барселона Паркер реализираше 10 поени.

Петтиот и решавачки натпревар од серијата ќе се игра во Барселона на 8. мај.