Зарем е можно? Алкараз обвинет за местење во Мадрид - „продавал“ гемови!

Поранешниот сопственик на синџир обложувалници во Русија, Михаил Салцман, го обвини шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за учество во местење натпревари и тоа на се уште актуелниот мастерс во Мадрид.

Како што пренесуваат руските медиуми, тој дури и испратил писмо до раководството на турнирот во шпанската престолнина, како и до АТП, Шпанската тениска федерација и обвинителството во Шпанија, тврдејќи дека тој има доказ дека третиот рекет на светот учествувал во сомнителни работи.

Салцман тврди дека Алкараз дека намерно загубил гемови во два меча на турнирот во Мадрид и тоа против Александар Шевченко и Јан-Ленард Штруф. Во прашање се гемовите кога Алкараз сервирал против Шевченко при 5-0 во вториот сет, како и при водство со 5-3 против Штруф, исто така во вториот сет.

Шпанецот испадна од овој мастерс-турнир уште во четврт-финалето и тоа по вчерашниот пораз во пресметката со Рубљов.