Најцрното сценарио за Ернандез, ги скинал - лигаментите!
Ернандез поради повреда предвреме го заврши вчерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, а тестовите за повредата го покажаа најлошото.
Фудбалерот ги скинал вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде во аут најмалку 6-7 месеци.
Тоа значи дека Ернандез нема да настапи за Франција на Европското првенство во Германија, а и тешко дека ќе му се врати на фудбалот во 2024 година.