Ѓорческа загуби од втората носителка на турнирот во Шпанија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена од втората носителка на турнирот во Леида, Катерина Синиакова со 0-2 во сетови.

Ѓорческа немаше сила за изненадување против поранешната гренслем-шампионка во конкуренција на двојки, па и двата сета ги загуби со идентичен резултат (2-6 и 2-6).

Македонската тенисерка со пласманот во второто коло на турнирот ќе освои 15 поени со кои се очекува да забележи напредок на ВТА-листата.