На Тонали не му доаѓа памет – повторно настрада поради кладење на фудбал!
Новата казна на 23-годишниот Италијанец му ја изрече независната Регулаторна комисија, а на Тонали му беше изречено и предупредување за неговото идно однесување.
Казната е условна и нема да се активира доколку Тонали не го прекрши правилото до крајот на претходно изречената суспензија, која истекува во август 2024 година.
„Нивото на помош што го дава Тонали преку целосна соработка во понатамошната истрага е извонредно и без преседан. Сандро целосно ги призна обложувачките активности во околности кога немало други докази за поддршка на постапката за недолично однесување. Тонали продолжува да го следи терапевтскиот план и едукативната програма со целосна поддршка од клубот и ќе продолжи да тренира со соиграчите“, стои во соопштението на Њукасл.
Италијанскиот фудбалер претходно беше казнет со 10-месечна суспензија за истиот прекршок.