Охрид лесно се справи со Пролет и им се врати на победите

По два врзани порази од Пелистер и Алкалоид, Охрид се израдува на триумф откако со 29-22 го победи Пролет.

Мечот беше рамноправен на почетокот, беше 4-4 кога Охрид почна да се одлепува, на одморот имаа предност од шест голови, беше 16-10.

Во второто полувреме охриѓани рутински ја држеа високата предност, Пролет не успеваше да се врати во мечот, конечниот резултат беше 29-22.

Цирар постигна седум голови, Орјоникидзе шест во составот на Охрид, кај Пролет четворица ракометари имаа по четири погодоци, Арсеновски, Палевски, Стојановски и Андоновски.

На две кола до крајот Охрид ја завери четвртата позиција, а има само бод помалку од третиот Алкалоид.