Македонските одбојкари ја почнаа мисијата - Европско првенство 2026!

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска ја почна новата мисија под водство на селекторот Хари Наковски, а тоа е пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година.

Наковски седна на кормилото на Македонија, каде што го замени Јошко Миленковски, а првиот собир на македонските одбојкари беше во Струмица.

Селекторот Наковски на собирот во Струмица ќе има на располагање 15 одбојкари со кои ќе се подготвува за следните предизвици.

Состав на македонската одбојкарска репрезентација:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА