Неверојатен меч: Кил надополни девет негатива и се пласира на фајнл-фор!
Мечот во Франција Монпелје го доби со девет голови разлика, тогаш не само тие туку сите мислеа дека работата е завршена, но ракометарите на Кил покажаа дека и тоа можат да го стигнат.
На денешниот меч ги добија двете полувремиња со по пет голови разлика, на одморот отидоа со предност од 17-12, а на крајот резултатот беше 31-21.
Победа која ги носи на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите.
Јохансон со осум голови беше најдобриот стрелец на Кил, но херој беше и голманот Мрква со 13 интервенции. Во составот на Монпелје, Пелас реализираше шест голови.