Што ако еден играч е исклучен, кога во тимот го имате Меси! (ВИДЕО)

Барселона поведе со 2-1 против Реал Мадрид по неполни 10 минути игра во второто полувреме и покрај тоа што игра без исклучениот Серџи Роберто. Лионел Меси доби топка од Суарез, а потоа направи мала мајсторија во шеснаесетникот, докажувајќи дека кога е тој во напад, не е важно дали тимот му игра со 10 или со 11 играчи. Претходно, во првиот дел Суарез и Роналдо погодија, а Серџи Роберто доби црвен картон.