Родри постигна спектакуларен гол - ВАР му го поништи! (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола и фановите на Манчестер сити помислија дека имаат водство во Данска, против Копенхаген уште по неполни 12 минути игра, кога Родри испали едно торпедо од преку 20 метри. Меѓутоа ВАР го поништи голот. Причина е тоа што попатно топката удри во раката на Махрез.