Најчудниот гол годинава е постигнат во американската УСЛ (ВИДЕО)

Дани Барера преку ноќ стана сензација на интернет, откако постигна неверојатен погодок за Филаделфија Унион 2 на дуелот против Хартфорд Атлетик во рамки на американската УСЛ-лига. 

Фудбалерот реагираше рефлексно по обидот на противничкиот голман да ја уфрли топката во игра. Ваков гол дефинитивно не се гледа секој ден.