Кинески тенисер колабира на терен во Вашингтон! (ВИДЕО)

Кинескиот тенисер Јибинг Ву, не се носеше најдобро со горештините во Вашингтон, па колабираше среде мечот со Јапонецот Јосуке Ватануки. Беше комплетиран петтиот гејм од почетниот сет, кога Ву се упати кон своето столче, но уште по движењето се виде дека не е во ред. Падна врз столчињата, по што веднаш му беше укажана помош. Мечот, во кој губеше со 1-4, се разбира, го предаде. Температурите во Вашингтон вчера биле околу 30-от степен под сенка.