Риека го совлада Хајдук со 1-0 во дербито во Хрватска, ова коло, а единствениот гол беше постигнат од пенал, во 63. минута. Голманот на сплиќани, Лучиќ, сакаше да игра мангуп, па божем незаинтересиран „шеташе“ по гол-линијата за да го деконцентрира Јанковиќ, но овој „ја здрви“ топката под пречка ладнокравно и го смири.