Русија нема да му прости на Роби Вилијамс, ќе биде казнет за средниот прст!

Роби Вилијамс си го оствари детскиот сон да пее на отворање на Светско фудбалско првенство, арно ама низ тоа направи глупост, покажувајќи го средниот прст. Според руските закони, тоа е казниво.

Почнувајќи од 2014 година, покажувањето среден прст на јавен настан е казниво. Законот го донел Владимир Путин, но казната е смешна, само 3.500 рубљи или 42 фунти!

Се разбира, тоа нема ни да „го почеша“ популарниот пејач, меѓутоа веќе трпи критики и удари од јавноста за непромислениот потег. Според британскиот медиуми, средниот прст не е навреда за Русите, туку со тоа ги „поздравил“ сите кои го критикувале кога ја прифатил понудата да пее на отворањето на Мундијалот.