Хрватите полудеа: Билет за финалето на СП се продава и по 10.000 евра

Еуфоријата во Хрватска е нормално откако нивната репрезентација обезбеди финале на Светското првенство во Русија и тоа против селекцијата на Франција. 

Се бара билет повеќе за финалето, па на црниот пазар веќе кружат цени од по 10.000 евра. ФИФА даде дополнителни 1.000 влезници за Хрватскиот фудбалски сојуз, но тие нема да бидат пуштени во слободна продажба.

Овие билети ќе им бидат поделени на фудбалерите и нивните семејства и блиски пријатели, а дел ќе одат и за федерацијата и нејзините спонзори. Голем број Хрвати ќе заминат во Русија со надеж дека ќе можат да купат билет од дел од руските навивачи, кои пред почетокот на Мундијалот имаа предност во купувањето на билети. 

Хрватските медиуми пишуваат дека има многу Аргентинци кои сакаат да ги продадат своите билети за финалето, бидејќи претходно ги купиле амбициозно со надеж дека нивната репрезентација ќе игра во натпреварот за трофејот.

Низ Москва билетите на црно се продаваат од 500 до 10.000 евра. Некои хрватски навивачи не прашуваат за цена, сакаат само да дојдат до билет за големото финале со Франција.