Велковски: Разочарувачки е што не можеме да ја претставиме Македонија како што треба
Ракометарот на Еурофарм Пелистер очекувано беше разочаран од играта на репрезентацијата и жали што тимот не може доволно добро да ја претстави Македонија на големата сцена.
„Египет играше одлично и мислам дека на турнирот ќе стигнат многу далеку. За нас ова беше лош натпревар. Навистина е разочарувачки што не можеме да ја претставиме Македонија на вистинскиот начин. Имаме уште една шанса против Чиле. против нив игравме две пријателски средби пред Светското првенство и знаеме дека имаат квалитет. Мораме да ги победиме за да минеме во следната фаза“, изјави Велковски