
Унгарија го наполни голот на Аргентина за прв триумф во Париз
Аргентина до средината на првото полувреме успешно ѝ парираше на Унгарија, па дури и поведе со 10-9, но тоа ги разбуди Унгарците кои влегоа во одличен ритам и заминаа на паузата со 17-12.
Унгарија го диктираше темпото и во вториот дел и постојано ја зголемуваше предноста сè до конечни 35-25.
Емре беше најефикасен кај Унгарија со седум голови, додека Роста запиша два погодоци помалку.