Бизарно: Се бара одземање на титула на Челси и нејзино доделување на – Тотнем!
Аргентинскиот стратег, кој во тој период го предводеше второпласираниот Тотнем, смета дека пехарот треба ретроактивно да му биде доделен на неговиот тогашен клуб. Покетино своето барање го темели на фактот дека лондонскиот клуб призна вина за нерегуларности во финансиското работење. Сините од Лондон пред неколку месеци беа казнети со 10,75 милиони фунти откако новите сопственици, Тод Боли и компанијата „Клирлејк капитал“, во 2022 година сами пријавија 74 случаи на тајни исплати кон нерегистрирани агенти и трети лица во периодот од 2011 до 2018 година.
„Требаше да освоиме една титула, една Премиер лига. Требаше таа да ни биде доделена. Челзи е казнет, ја признаа вината, и тоа е тоа? Титулата би требало да му припадне на тимот кој беше втор“, изјави Покетино за британскиот сервис Би-Би-Си.
Во споменатата сезона, Челси под водство на Антонио Конте го заврши првенството со седум бода предност пред Тотнем. Иако Аргентинецот не освои ниту еден трофеј со „спарси“, а најголем успех му беше финалето во Лигата на шампионите во 2019 година, тој нагласува дека конкуренцијата во тој период не била фер и дека прекршувањето на правилата директно влијаело на конечниот пласман.
„Вистината е дека не се натпреварувавме под исти правила. Целосно е оправдано да се каже дека на почетокот на сезоната немавме исти појдовни основи. Можеби, со исти правила и исти услови, ќе можевме да донесеме играчи кои би го подобриле тимот или би постигнале повеќе голови. Не се жалам, тоа е вистината. Навивачите на Челзи ќе ми се лутат поради ова, но доколку ние во Тотенхем ги прекршевме правилата, и јас би го признал тоа“, додаде актуелниот американски селектор.
Покетинот по заминувањето од Тотнем во својата кариера работеше токму како главен тренер на Челси, предводејќи ја екипата од „Стемфорд Бриџ“ во текот на сезоната 2023/2024.