
Србија ќе побара вајлд-карта за СП 2025
Ракометниот сојуз на Србија најави дека ќе побара специјална покана за настап на СП 2025, откако немаше среќа во баражот.
„Орлите со својата игра и триумфот покажаа дека заслужуваат место меѓу најдобрите репрезентации во светот, а во тоа верува и раководството на Ракометниот сојуз, кој ќе побара вајлд-карта“, соопштија од Србија.