Поранешниот вардарец како Суарез - гризна противнички играч! (ВИДЕО)

Полското дерби помеѓу Киелце и Висла Плоцк скоро секогаш е исполнето со многу тензија на теренот, а така беше и во енешниот натпревар.

Во центарот на вниманието се најде поранешниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа кој заработи син картон поради гризење противнички играч. Македа во една акција во која беше во фаза на напад шутираше кон противничкиот гол и влезе во контакт со Терзиќ.

Судиите го разгледуваа инцидентот, а на крајот утврдија дека Шпанецот постапил навистина неспортски и му покажаа син картон кој сигурно ќе значи и подолга суспензија.