Откриени нови детали од договорот на Клоп и Ред Бул
Сега во медиумите се појавуваат и нови детали од неговиот договор. Како што објави новинарот Флоријан Плетенберг, Клоп воопшто нема намера да се појавува на ниту еден стадион до крајот на сезоната 2024/2025.
Неговиот договор стартува од 1 јануари 2025 година, но до лето ќе работи во позадина, планира да патува и да ги посети сите клубови на Ред Бул (Лајпциг, Салзбург, Њујорк, Брагантино и Лидс).
Тој сака да се запознае со комплетната филозофија и стручните штабови на клубовите пред да се впушти во конкретни задачи. Потпиша долгогодишен договор, но не до 2030 година како што се пишуваше. Исто така неговата плата ќе биде помеѓу 10 и 12 милиони евра годишно.
Од претходно е познато и дека во договорот постои специјална клазула според која може да го напушти клубот ако добие понуда да стане селектор на Германија.