По победата во Шангај: Синер ја откри тајната за успехот против Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (7-6 и 6-3) во финалето на мастерс-турнирот во Шангај.

Синер кажа дека е среќен поради победата, а новинарите ги интересираше тајната на неговиот одличен резултат против Србинот, откако запиша четири победи на последните пет меѓусебни дуели.

„Среќен сум поради победата во финалето на Шангај. Тешко е да се каже дека постои некоја специфична тајна, Ѓоковиќ нема слабости, но затоа мора да ги искористите шансите кои ви ги дава за време на натпреварите, иако тоа се малку. Тоа е единствениот начин да го победите. Новак е легенда на нашиот спорт, навистина е тешко да се игра против него, можам да кажам дека е еден од најтешките предизвици во спортот“, кажа Синер.