Ѓоковиќ и Синер имаа специјален гостин на трибините (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на Шангај од Јаник Синер со 0-2 во сетови, односно 6-7 и 3-6, а натпреварот од трибини го гледаше легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер.

Федерер уживаше во магијата која ја понудија Ѓоковиќ и Синер, а по крајот на дуелот беше поздравен од српскиот тенисер.

„Поздрав до Роџер, убаво е што го гледам тука. Не сум навикнал да те гледам на трибини. Првпат играм пред тебе, почувствував голем притисок“, се пошегува Ѓоковиќ по поразот во Шангај.