Невиден преседан во спортот: Спартак Москва го „украде“ името на лутиот ривал!

Во светот на спортот се случи невиден преседан, откако рускиот ракометен клуб Спартак Москва го презема името од лутиот ривал и сега е ЦСКА Москва!

Актуелниот вицешампион на Русија, Спартак, кој влезе во ракометниот свет во 2017 година со големи амбицији, сега ќе го носи името ЦСКА Москва. Со тоа, едниот гигант практично го елиминираше другиот, а зад ова дело стои богатиот бизнисмен и политичар, Сергеј Шишкарев, кој го основаше женскиот тим ЦСКА на  почетокот од сезоната.

Одлуката не беше лесна, знаеме дека ова е преседан во светот на спортот, но се надевам дека нашите навивачи ќе останат со клубот без разлика за кого навиваат во другите спортови. Ќе бидеме на уште едно повисоко ниво, истакна извршниот директор на Спартак, Василиј Славин.