Начевски и Николов ќе им судат на Германија и Египет

Ракометниот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио стигна до четвртфиналето, каде што веќе се познати паровите кои ќе се борат за чекор поблиску до медалите.

Во четвртфинале ќе се соочат Франција – Бахреин, Шведска – Шпанија, Данска – Норвешка и во последниот меч ќе играат Германија – Египет.

Македнските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија задача да судат токму на последното четвртфинале, односно ќе ја делат правдата на мечот меѓу Германија и Египет.

Натпреварот меѓу Германија и Египет ќе почне утре со почеток од 13.45 часот.