Лошо ѝ се пишува на Франција - не го победи ни Египет, едвај извлече и бод

Ракометната репрезентација на Франција и по три кола од олимпискиот турнир ја чека својата прва победа.

По поразите од Данска и Норвешка, „триколорите“ денеска одиграа нерешено со Египет, но малку недостасуваше да ја запишат и третата „нула“. На 3,5 минути пред крајот, Египќаните водеа со 26-24, Франција брзо намали на еден гол негатива, а африканската селекција не искористи неколку напади за повторно да отиде на +2. Место тоа, во последната сезона Фабрегас погоди за израмнување и поделба на бодовите.

Најдобар кај Французите беше токму Фабрегас со пет гола, а Мем и Деска постигнаа по четири. Омар го предводеше Египет со осум погодоци.

По три одиграни натпревари, Франција е на претпоследното место во својата група, а во последните два меча игра против Аргентина и Унгарија.