Кузмановски со гол во последните секунди му донесе победа на Хановер

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски беше херој за победата на Хановер против Ерланген во Бундеслигата со 28-27, откако го даде победничкиот гол на секунди пред крајот на мечот.

Кузмановски кој годинава игра во извонредна форма, како за својот клуб Хановер, така и за македонската репрезентација даде шест гола во победата, меѓу кои и последниот гол за триумф, а заедно со Мартиновиќ беа најефикасни на мечот.

Хановер е 12-ти на табелата, а во последните две кола ги чекаат пресметки со Либек и Лајпциг.