Комплетирани полуфиналните двојки на СП: Русија единствена со максимален број победи

По денешните последни натпревари од главната рунда познати се полуфиналните двојки на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Јапонија. 

Русија која е единствената репрезентација со максимален број победи, вкупно осум, (пет во групната фаза и три во главната рунда) во полуфиналето ќе ги одмери силите со селекцијата на Холандија, која денеска си го обезбеди второто место во Групата 1 со победата над Јужна Кореја од 40-33. „Зборнајата“ пак до осмата победа дојде против Шпанија со убедливи 36-26.

Втората полуфинална двојка е Норвешка против Шпанија. Натпреварите се играат во петок, додека големото финале е закажано за во недела.

РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА 1
Норвешка - Германија 32-29
Јужна Кореја - Холандија 33-40
Србија - Данска 26-26

ТАБЕЛА: Норвешка 8, Холандија 6, Србија 5, Германија 5, Данска 4, Јужна Кореја 2

ГРУПА 2
Русија - Шпанија 36-26
Црна Гора - Шведска 26-23
Јапонија - Романија 37-20

ТАБЕЛА: Русија 10, Шпанија 7, Црна Гора 6, Шведска 5, Јапонија 2, Романија 0

*Третопласираните екипи во групите ќе се борат за пласман на 5.место, додека четвртопласираните за пласман на 7.место.