Како од катапулт: Со топовски удар од дванаесет метри погоди низ „живиот“ ѕид (ВИДЕО)

Францускиот ракометар Елохим Пранди го постигна еден од најдобрите голови во неговата кариера за време на натпреварот меѓу Кретил и Ним.

После истекот на времето во првото полувреме, беше досуден слободен удар он околу 12 метри, а Пранди меѓу рацете на противничките ракометари со моќен и прецизен шут ја смести топката во мрежата.

Инаку, овој 21-годишен ракметар е познат по топовскиот удар со десната рака, а со овој гол лесно може да привлече внимание кај големите гиганти. Тој своето деби за француската репрезентација го имаше на крајот на минатата година.

Инаку, Ним славеше на овој дуел со 28-35.