Јапонија сензационално ја совлада Португалија и го израдува Бахреин

Ракометната репрезентација на Јапонија направи големо изненадување во рамки на последното 5.коло во групата Б и ја совлада Португалија, која остана без пласман во нокаут-фазата на Олимписките игри. 

Домаќинот на турнирот славеше со минимални 31-30, што сепак не беше доволно за прогрес понатаму. Но, со оваа победа на „самураите“, Португалците финишираа на претпоследното место, а најмногу се израдува Бахреин. Азиската репрезентација иако загуби од Египет со 30-20, сепак ќе оди во следната фаза, бидејќи во мини-табелата со Португалија и Јапонија, кои исто така имаат по два бода, има најдобра гол-разлика.

Во следната фаза од оваа група освен Египет и Бахреин се селекциите на Данска и Шведска, кои играат меѓусебе денеска. 

Во групата А, Шпанија ја совлада Аргентина со 36-27. „Фуријата“ од претходно го имаше обезбедено пласманот во нокаут-рундата.