Холандија – Франција дерби во четвртфиналето во ракомет кај жените

Пресметката на Холандија и Франција ќе биде највозбудливиот и најинтересен меч во четвртфиналната рунда на олимпискиот турнир во ракомет во женска конкуренција, меч кој ќе се игра во среда.

После комплетирањето на последното коло во групната фаза која заврши со убедливиот триумф на Норвешка против Јапонија, познати се и четвртфиналните двојки во кои покрај пресметката на Холанѓанките со Французинките, ќе играат уште и Норвешка – Унгарија, Црна Гора – Русија и Јужна Кореја – Шведска.

Победниците одд пресметките Црна Гора - Русија и Норвешка – Унгарија ќе се соочат меѓусебе во првото полуфинале, додека во второто ќе играат подобриот од дербито Холандија – Франција со победникот од мечот Јужна Кореја – Шведска.

Полуфиналињата се закажани за 6 август, додека финалето и мечот за бронзата се на последниот дел од ЛОИ на 8 август.