Гидсел нема конкуренција, се израмни со Хансен и Карабатиќ
Ова е третпат по ред Гидсел да ја добие оваа престижна награда, со што се придружува на легендите Никола Карабатиќ и Микел Хансен како третиот играч во историјата со три титули „Играч на годината“.
Во 2025 година, со репрезентацијата на Данска, Гидсел го освои светското првенство, а дополнително беше прогласен и за МВП на шампионатот. Тој беше и најдобар стрелец, како и најдобар асистент на турнирот.
За најдобра ракометарка во светот во 2025 година, ИХФ ја избра Норвежанката Хени Реистад, која исто така третпат по ред е прогласена за најдобра во годината. Минатата година со репрезентацијата на Норвешка освои злато на Светското првенство, беше најдобар стрелец и МВП на турнирот.
За најдобар млад ракометар во 2025 година е избран Португалецот Франсиско Кошта, додека најдобра млада ракометарка е Германката, Фиола Лојхетер.
Фото: EPA