Франција ја детронизира Данска: „Триколорите“ се нови олимписки прваци во ракомет!

Франција е новиот олимписки шампион во ракомет откако со победата 25-23 попладнево го детронизираа актуелниот светски првак и шампион од Рио пред пет години, Данска во суперинтересното финале во Токио, кое го судеа најдобрите македонски арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

За Франција ова е трето ракометно злато во историјата, во меч на кој безмалку во цел меч водеа, но наместо рутинска завршница после водството од шест разлика по почетокот на вториот дел, сами си ја искомпликуваа работата за Данска да се врати во мечот и да се бори за продолженија.

Имаше вранција 18-12, откако по првиот дел заминаа со плус четири (14-10), но Данците предноста успеаа да ја стопат до минус еден (22-21) и потоа во трилер-завршницата во која се играше гол за гол, четата на Николај Јакобсен имаше напад за продолженија, но наместо шут, се сплеткаа, ја загубија топката, а Фабрегас со лесен гол ја запечати победата на Франција.

Ремили со пет гола беше најефикасен во Франција, Мем и Дескат дадоа по три, а Винсен Жерар собра 13 интервенции. Мика Хансен со девет гола беше најефикасен кај Данска, а Гидсел додаде шест, Ландин беше одличен во периодот кога се топеше големата негатива, но на крај шампионот од Рио не успеа да се спаси од пораз.

Шпанија ја освои бронзата на ракометниот турнир.