Фаворитите потклекнаа: Изненадувачко финале на женското СП во ракомет!

Холандија и Шпанија ќе играат во големото финале на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Јапонија. Овие две репрезентации во денешните полуфинални пресметки ги изненадија фаворитите Русија, односно Норвешка.

Холандија со минимални 33-32 славеше против „Зборнајата“, која до овој натпревар имаше максимални осум победи на турнирот. Голот за победа „лалињата“ го постигнаа во последната минута од натпреварот и стигнаа до второ мундијалско финале во последните четири години. 

Еставана Полман со девет голови беше најефикасна кај победничката репрезентација, додека Лоис Абинх постигна осум голови. Кај Русинките, фантастичен натпревар одигра Ана Вјахирева со 11 погодоци. 

Шпанија изненадувачки убедливо ја совлада Норвешка со 28-22 и тоа поради одличното второ полувреме. По првите 30 минути резултатот беше 13-13, но Шпанкиге експлодираа во вториот дел  и ја задржаа Норвешка на само девет постигнати голови. 

Александрина Кабрал Барбоса со седум погодоци беше најдобра кај „фуријата“, додека шест постигна Алмудена Родригез Родригез. Во таборот на Норвешка најмногу се истакна Малин Ларсен Ауне со пет голови. 

Големото финале помеѓу Холандија и Шпанија се игра во недела во во 12.30 часот, додека во 9.30 часот се игра натпреварот за бронзениот медал помеѓу Русија и Норвешка.

ЗА 5.МЕСТО
Црна Гора - Србија 28-26

ЗА 7.МЕСТО
Шведска - Германија 35-24