Доминацијата продолжува: ИХФ ги избра најдобрите во ракометот

Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска ги избра најдобриот ракометар и ракометарка за 2024 година, а признанијата завршија во рацете на Матијас Гидсел и Јени Раистад.

Гидсел зад себе има фантастична година во која го освои олимпиското злато со Данска, а во гласањето зад себе го остави германскиот чувар на мрежата Андреас Волф. Данскиот ракометар е избран втора година во низа и така стана првиот ракометар во историјата која успеал да го одбрани признанието.

И во женска конкуренција Реистад по вторат во низа беше избрана, а пред неа такво нешто и успеа само на Кристина Неагу. Ривалки на Норвежанката беа Нзе Мико и Братсет Дале.

За најдобар млад ракометар беше избран Ренарс Учинс, додека за најдобра млада ракометарка прогласена беше Унгарката Петра Симон.