Димитриевски ја спаси Валенсија: Македонецот со клучна одбрана донесе три бода! (ВИДЕО)

Валенсија триумфира на гостувањето кај Елче со 1-0 во 11. коло од Ла Лига, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше најзаслужен за освојување на трите бодови.

Елче имаше поголем број на шанси од Валенсија, но единствениот гол на мечот го постигна Умар Садик во 69. минута.

Димитриевски имаше одлична интервенција во првото полувреме, но најважната ја направи во самата завршница кога ја зачува својата мрежа и ја обезбеди победата.

Валенсија има девет бодови по 11 одиграни кола и се наоѓа на претпоследната позиција во лигата.

Фото: Facebook/Valencia C.F