Де Варгас ја спушти „ролетната“, Шпанија со пресврт ја победи Словенија

Репрезентацијата на Шпанија за момент заборави на катастрофалните игри на Европското првенство во Германија и со победа стартуваше на Олимписките игри во Париз.

Во првото коло, „фуријата“ беше подобра од Словенија со 25-22 и тоа благодарение на одличниот голман Гонзало Перес де Варгас и пресвртот во второто полувреме. На голем одмор Словенците имаа водство од 11-8, но во продолжение се разбрани чуварот на мрежата на Барселона и Шпанија дојде до триумфот.

Словенија долго време одолеваше на нападите на противникот и некако ја одржуваше предноста, но по серијата од 4-0, Шпанците отидоа на 19-16 и до крајот не го испуштија водството. Де Варгас го заврши натпреварот со 15 одбрани и е најзаслужен за триумфот на неговата репрезентација и покрај тоа што Гомез Абељо постигна седум гола.

Во словенечката селекција, Деан Бомбач постигна пет гола, Кодрин четири, а двајцата голмани остварија вкупно 10 одбрани.