Македонската ракометна репрезентација до 19 години запиша уште еден пораз во групната фаза на Светското првенство, откако овој пат загуби од Јапонија со убедливи 22-31.

Македонските ракометари тргнаа катастрофално во мечот против Јапонија, па гостите направија серија од 6-0, по што следуваше мало будење кај кадетите, кои постојано бркаа негатива, а на полувреме заминаа со 11-15.

Во второто полувреме „самураите“ играа одлично, па направија предност од 19-12. Македонија одговори со три гола во серија и стигна до 15-19, но потоа следуваше нов голем пад во играта и Јапонците постојано го зголемуваа водството до конечни 31-22.

Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Костески со осум постигнати голови, додека кај Јапонците најдобар беше Харута со пет гола.

Македонија заврши на четвртата позиција во групната фаза, па во осминафиналето на 14 август ги очекува тежок дуел против Португалија. Победникот од мечот во четвртфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Франција и Шпанија.