Три спектакуларни интервенции на Митревски кои го одбележаа првото полувреме (ВИДЕО)

Новиот селектор Кире Лазаров тргна со триумф на кормилото на Македонија, и тоа против светскиот првак Данска со 33-29, а еден од најдобрите на теренот беше голманот Никола Митревски, кој запиша 13 интервенции.

Првото полувреме против Данска го одбележаа три спектакуларни одбрани на Митревски, кои ги објави и ЕХФ на нивните официјални профили на социјалните мрежи.