Талески: Нема да го поздравам Лазаров ако го видам на улица!

Поранешниот играч на Вардар и македонската репрезентација, Филип Талески отворено зборуваше на подкастот „Вистина или не“ со Миро Кацаров на Канал 77, тој потврди дека не во добар однос со селекторот Кире Лазаров дотолку што не би му кажал ни здраво.

Филип Талески призна дека има голема желба да се врати во македонската репрезентација, но веројатно тоа нема да се случи додека Кире Лазаров е селектор. 

На прашањето на водителот, дали би го поздравил Кире Лазаров ако го сретне на улица, Талески рече „Не“.

„Душата би ја дал за да играм за Македонија, но некој друг не ми го дозволува тоа“, рече Талески.

Во подкастот Талески рече дека не разговара ниту со неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, ракометарот на Пелистер, Филип Кузмановски кого го пречкртал и се отргнал од него. 

„Тој мене ми има направено лошо, а за да дознаете што е тоа, треба да го прашате него“, рече меѓудругото Талески.