Стоилов се враќа во репрезентацијата, ќе му помага на Лазаров!

Селекторот Кире Лазаров потврди дека Стојанче Стоилов се враќа во стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација.

Стоилов повторно ќе работи во репрезентацијата задно со Лазаров. Тој се враќа пред клучните натпревари против Естонија и Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство.

„Можам да ви соопштам една новост, во стручниот штаб ни се враќа Стојанче Стоилов. Вратата е отворена за сите легенди со такво искуство“, рече Лазаров на денешниот собир.

Македонија во четврток од 18 часот гостува кај Естонија, а три дена подоцна исто така од 18 часот ја пречекуваме Литванија. Потребни ни се победи од овие два меча за да се пласираме на Европското првенство.