Сите слават, Раул веќе мисли на следниот ривал: Би било супер да ја победиме Црна Гора!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез не западна во еуфорија како целата ракометна јавност по триумфот вечерва над Словенија со 25-24 на отворањето на Европското првенство во Хрватска.

За најдобриот тренер за 2017 година, победата е слатка и за уживање, но мора да се мисли на вториот ривал Црна Гора. За него задоволство е што е победена третата светска селекција од послендиот мундијал, но ова е замо една победа и два бода.

„Одиме чекор по чекор. Сега имаме два бода, задоволен сум од сите, затоа што ја победивме треатата селекција на светот. Секогаш е тешко да се игра против Словенија. Денеска треба да уживаме, а утре имаме пауза и треба да се подготвиме за мечот со Црна Гора. Повеќе или помалку знаеме се за Црна Гора, би било супер да имаме победа. Сепак, не смееме да мислиме дека двата бода се веќе освоени и мораме да имаме почит кон црногорската репрезентација бидејќи имаат одлични играчи. Мислам дека Германија има многу добра репрезентација, но за тоа ќе мислиме подоцна. Македонија мора да игра подеднакво добро и во напад и одбрана, за да го добиеме и вториот меч“, рече „ел команданте“.