Ракометарките ја пречекуваат Белгија, РФМ ги пушти билетите во продажба

Женската ракометна репрезентација на 7 март во 17 часот ќе биде домаќин на Белгија во рамките од квалификациите за Европското првенство, а денеска се пуштени во продажба и билетите за овој дуел.

Натпреварот ќе биде одигран во салата во Куманово, со цел истата да биде што е можно повеќе исполнета билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари.

„Нашата женска сениорска репрезентација ја очекува еден од најважните натпревари во квалификациите – директен дуел со селекцијата на Белгија во борбата за пласман на Европското првенство. Да создадеме домашна атмосфера и заедно да ја бодриме Македонија’, порачаа од РФМ.

Билетите може да се купуваат оналјн – ТУКА.