Жиру вчера во Белград научи кој е Дарко Панчев! (ВИДЕО)
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Милан се најде во фокусот и надвор од теренот. Имено, при ова гостување Жиру прошета и низ клупските простории на Звезда, таму посебно внимение му привлече македонската легенда Дарко Панчев.
Всушност, Жиру не знаеше за кого станува збор, па за фотографијата на која Панчев го постивнува голот во финалето на Купот на шампионите во пенал-серијата праша за кого станува збор.
„Кој е тој“, кратко запраша Французинот, по што присутните му објаснија дека во прашање е Дарко Панчев, објаснувајќи му дека подоцна играше и за Интер.